Комитетот на Светската здравствена организација за вонредни прашања едногласно оцени дека не е време да се „спушти гардот“ пред пандемијата на ковид-19, изјави претседателот на Комитетот, Дидие Хусин, наведувајќи дека ситуацијата со пандемијата Ковид-19 е далеку од завршена“. „Беше констатирано дека ситуацијата со пандемијата Ковид-19 е далеку од завршена: циркулацијата на вирусот е сè уште многу активна, смртноста е сè уште висока и вирусот се развива на непредвидлив начин“, рече Усен.
Маски само на лекар, во аптеки, јавен превоз и старечки домови
Сепак, сѐ поголем број земји ги укинаа сите или дел од здравствените ограничувања наметнати за борба против вирусот. Според последниот неделен извештај на СЗО за епидемиолошката состојба, објавен во вторникот, бројот на заболени од ковид-19 продолжува да опаѓа трета последователна недела, за 24 насто од 4 до 10 април во споредба со претходната недела. Бројот на починати, исто така, падна за 18 насто во однос на претходната недела.