Неколку американски владини агенции денеска издадоа заедничко предупредување дека се откриени малициозни сајбер алатки - „малициозен софтвер“ што може да добијат целосен пристап до контролните системи на неколку индустриски компании. Предупредувањето беше заеднички издадено од министерствата за енергетика и домашна безбедност, Федералното биро за истраги (ФБИ) и Агенцијата за национална безбедност (НСА), без да се наведат имињата на оние кои ги упатиле заканите или деталите за тоа што откриле. Извршниот директор на една од компаниите за сајбер безбедност вклучени во случајот, Роберт Ли изјави дека малициозниот софтвер бил развиен од држава и првично бил дизајниран да таргетира локации за течен природен гас и електрична енергија во Северна Америка.
Обвинение за 3 руски разузнавачи и програмер за хакирање во САД
Енергетската инфраструктура е најранлива на сајбер-напади
Тој не сакаше да именува кој стои зад тоа и рече дека тоа е работа на американската влада, ниту пак објасни како е откриен малициозниот софтвер, освен што рече дека е пронајден пред да биде извршен обидот за напад. Американската влада претходно предупреди дека клучните инфраструктурни индустрии би можеле да бидат цел на сајбер напади од Русија како одмазда за строгите економски санкции што и беа наметнати поради инвазијата на Украина. Ли рече дека „малверот“ е направен за да биде рамка и да таргетира многу различни видови индустрија и дека може да се користи повеќе пати.