Во земјава да се влегува без, но во кафеани и ресторани со ковид сертификат

Ковид сертификат

Комисијата за заразни болести денеска препорача да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на КОВИД-19 за влез во земјава. Овие потврди ќе останат да важат за влез во угостителски објекти.

Оваа обврска при влез во ресторани и барови не е препорачано да биде укината затоа што Комисијата смета дека не е добро да се укине сè одеднаш туку постепено.

„Постепеното укинување на мерките дава резултат и тоа се гледа по секојдневниот пад на бројките, изјави портпаролот на Комисијата за заразни болести“, изјави д-р Злате Мехмедовиќ.

Новиот предлог за влез во земјава без сертификат за вакцинација или прележаност треба да биде усвоен од Владата.

На седница вчера Владата ја одобри претходната препорака на Комисијата за заштита од заразни болести– да се укине мерката за задолжително носење заштитни маски во затворeни простории, освен во здравствени домови, аптеки, јавен превоз и во домовите за стари и установи за згрижување лица со посебни потреби.