Украински граничари: Повеќе од 870.000 Украинци се вратиле дома од почетокот на војната

повеќе од 4,6 милиони украински бегалци ја напуштиле земјата од 24 февруари, кога започна руската инвазија на Украина.

Повеќе од 870.000 Украинци се вратиле дома од почетокот на војната, вклучувајќи жени и деца, соопшти украинската гранична служба. „Во моментов, од 25.000 до 30.000 Украинци се враќаат во својата земја секој ден. За разлика од претходните денови, кога главно беа мажи, сега има и жени, деца и постари лица“, рече Андриј Демченко, портпарол на граничната служба на Украина. Повикувајќи се на податоци од граничната служба, украинското Министерство за внатрешни работи на 3 април објави дека 537.000 Украинци се вратиле дома.

ЕК ќе издвои милијарда евра за помош на бегалците од Украина

„Велат дека ситуацијата е побезбедна, особено во западните региони и дека повеќе не можат да останат во странство, подготвени се да се вратат во земјата и да останат“, додаде Демченко. Во меѓувреме, заменик-министерот за одбрана Хана Маљар вчера изјави дека е премногу рано за да се вратат луѓето кои ги напуштиле своите домови во Киев и околните области. Регионот Киев сè уште се соочува со тешки времиња, рече Мајлар, опишувајќи ја ситуацијата како динамична. Гувернерот на Киевската област, Олександр Пављук, исто така рече дека сè уште не се препорачува жителите на регионот Киев да се вратат дома. Тој посочи дека крајот на мај е пореално време за нивно безбедно враќање.

Регистриран број на бегалци од Украина

Според Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), повеќе од 4,6 милиони украински бегалци ја напуштиле земјата од 24 февруари, кога започна руската инвазија на Украина. УНХЦР проценува дека има 7,1 милиони раселени лица, додавајќи дека речиси 12 милиони луѓе ги напуштиле своите домови. Тие или ја напуштиле земјата или нашле засолниште на друго место во Украина.