Власт и гас
МАКЕДОМНИЈА - Министерството за внатрешни работи објави меѓународна потерница по лицето Анџело Ѓорѓиевски, поради основано сомневање за сторено кривично дело „Убиство“ по чл. 123 од КЗ на РСМ.
МАКЕДОНИЈА - Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција во Кривичниот суд Скопје, кој денеска одлучуваше по жалбата за одредениот притвор за ексгенералниот секретар на Владата Мухамед Зекири, го потврди решението на претходна остапка, што значи дека тој останува во притвор.
БУГАРИЈА - Од утре, лицата кои пристигнуваат од Република Северна Македонија, Турција, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Чешката Република, Словачка, Израел и Египет при влез во Бугарија веќе не се обврзани да поседуваат дигитален Ковид сертификат.
САД - Најмалку 13 лица се повредени во пукање во метро станица во њујоршкиот кварт Бруклин, каде што властите соопштија дека се пронајдени неколку неексплодирани направи.
МАКЕДОНИЈА - Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон и канцеларот Риши Сунак ќе бидат казнети за одење на забави за време на карантинот среде пандемијата на корона вирусот.
ГРЦИЈА - Денеска најавуваме забрзување на истражувањата за природен гас, за кој знаеме дека нашата земја можно е, нагласувам, не сме сигурни, но можно е да го има во значителни количини врз основа на прелиминарните студии, како на копно, така и во море, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на состанокот во грчката Компанија за управување со јаглеводород.
УКРАИНА - Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја предупреди ЕУ дека Русија ќе продолжи со војната со чувство на неказнивост доколку Унијата не го засили притисокот врз Москва преку поостри економски санкции.
МАКЕДОНИЈА - Владата на денешната редовна седница ги донесе новите ковид-мерки со кои меѓу другото се укинува носењето маски на затворено. Исклучок се здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби.
ЦРНА ГОРА / МАКЕДОНИЈА - Односите меѓу Македонија и Црна Гора се одлични, а унапредувањето на економските врски треба да биде врвен приоритет, се согласија на заедничката прес-конференција во Подгорица претседателот Стево Пендаровски и неговиот домаќин црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.