Премиерот Џонсон заработи казна заради забава за време на карантинот

Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон

Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон и канцеларот Риши Сунак ќе бидат казнети за одење на забави за време на карантинот среде пандемијата на корона вирусот.

Од кабинетот на Џонсон било потврдено дека добиле известување од полицијата дека ќе бидат казнети, но портпаролот рекол дека немаат повеќе детали, пренесува Би-би-си.

Полицијата соопшти дека нема да ги именува сите оние кои добиле казни, но владата вети дека ќе открие дали Џонсон и Сунак се меѓу нив.

Владиниот портпарол рече дека не биле информирани за настанот.

Лидерот на лабуристите Сер Кир Стармер повика двајцата политичари да поднесат оставки.

Тој рече дека тоа покажува дека конзервативците се „целосно неспособни да владеат“, додавајќи дека „Британија заслужува подобро“.

„Борис Џонсон и Риши Сунак го прекршија законот и постојано ја лажеа британската јавност. И двајцата мора да поднесат оставка“, рече тој.

Досега се изречени вкупно над 50 казни за непочитување на законот во владините згради.