Владата на денешната редовна седница ги донесе новите ковид-мерки со кои меѓу другото се укинува носењето маски на затворено. Исклучок се здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби.
Оваа информација ја објави на својот вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
Се укинува и носењето маски од учениците од средните училишта кои следат настава со физичко присуство.
Исто така, се укинува забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта и се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување на надоместоци за попреченост и комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, се намалува бројот на заразени, починати и хоспитализирани со ковид-19.