Главниот координативен кризен штаб ѝ препорача на владата да ја укине обврската за носење на маски за време на физичката настава во средните училишта, како и да се укине забраната за екскурзии и настава во природа.
Штабот исто така го усвои заклучокот за укинување на обврската за носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица.
Владата за овие заклучоци ќе расправа и одлучува на следната седница.
На 29 март владата ја укина обврската за задолжиутелно носење маски на учениците во основните училишта.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, се намалува бројот на заболени, починати и хоспитализирани од ковид-19.