Џаферовиќ ги повика земјите од ЕУ да воведат санкции против Додик и Цвијановиќ

Членовите на босанското претседателство во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Милорад Додик (првиот од десно), и Шефик Џаферовиќ (вториот од десно),

Претседателот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, изјави дека се оправдани санкциите што вчера ги воведе Британија за српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик и за претседателката на Република Српска Цвијановиќ. „Британија е еден од сведоците на Дејтонскиот договор и член на Советот за имплементација на мирот, затоа е неопходно да се реагира кога Дејтонскиот договор е поткопан, а токму тоа го прават властите на Република Српска“, изјави Џаферовиќ.

Британија воведе санкции за Додик и Цвијановиќ

Според него, преку низа неуставни закони, одлуки и заклучоци, властите на РС удриле врз Дејтонскиот мировен договор и 27 години од неговото спроведување. „Со тоа, стабилноста е сериозно загрозена и мирот во БиХ е разнишан, што е особено загрижувачко, имајќи ја предвид руската агресија врз Украина, како и фактот што властите на РС на чело со Додик ја поддржуваат таа агресија“, посочи Џаферовиќ. Британија воведе санкции врз Цвијановиќ и Додик, поради, како што е наведено, обиди за поткопување на легитимитетот и функционалноста на БиХ.