Справувањето со ценовните шокови досега чини 615 милиони евра

Полици во маркет во Скопје

За амортизирање на ценовните шокови предизвикани од пандемијата и воениот конфликт во Украина, издвоени се речиси 615 милиони евра, соопшти денеска Владата.

Тие посочуваат дека минатата година се преземени мерки за амортизирање на порастот на цените, а годинава дополнително е донесен сет од 26 мерки за поддршка на стандардот на граѓаните и фирмите, но и за финансиска поддршка на фирмите преку Развојната банка.

Владата ги замрзна цените, па потоа ги ограничи маржите на основните прехранбени производи и го укина ДДВ за храна, и ја намали акцизата и ДДВ за горивата. За ранливите категории граѓани е обезбедена финансиска помош од дополнителни 1000 денари месечно. За справување со енергетската криза се потрошени 171 милиони евра.