Состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел

Советот за надворешни работи на Европската унија на денешниот состанок ќе расправа за најновите случувања во врска со руската агресија врз Украина. Министрите за надворешни работи на ЕУ би требало да разговараат за шести круг санкции кон Москва, но блокот останува поделен околу забраната за увоз на руски гас и нафта. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на посетата на Киев во петокот рече дека ЕУ сега е ангажирана во „воведување санкции“ против Русија за сѐ посилно казнување на претседателот Владимир Путин заради неговата одлука да изврши инвазија на неговиот прозападен сосед. Иако санкциите што најмногу ќе ѝ наштетат на Русија – бојкотот на ЕУ за нејзиниот извоз на нафта и гас – не се формално на маса, дипломатите на Европската унија признаваат дека има дискусии за нив.

Забрана за увоз на руски јаглен, ЕУ со нов пакет санкции против Москва

ЕУ забрани влез на возила со руски и белоруски регистрации

Во петокот Советот го усвои петтиот пакет санкции против Русија, во светло на континуираната агресивна војна на Русија против Украина и извештаите за злосторствата извршени од руските вооружени сили во голем број украински градови. Пакетот вклучува забрана за увоз од Русија на јаглен и други цврсти фосилни горива, забрана за сите руски бродови да имаат пристап до пристаништата на ЕУ, за увоз од Русија на дрво, цемент, морска храна и алкохол, како и за извоз во Русија на авионско гориво и други стоки и депозити во крипто-паричници. Министрите ќе разменат мислења за Глобалната порта, новата европска стратегија за зајакнување на паметните, чисти и безбедни врски во дигиталните, енергетските и транспортните сектори и за зајакнување на здравствените, образовните и истражувачките системи ширум светот.