Европската унија го блокираше влезот на возилата регистрирани во Русија и Белорусија, соопшти Федералната царинска служба на Русија.
Запирањето на транспортот е дел од пакетот санкции што ЕУ ги воведе против Москва поради нејзината неиспровоцирана инвазија врз Украина.
„Сега меѓународните транспортни возила со руски и белоруски регистерски таблички нема да можат да пренесуваат стоки низ територијата на земјите на ЕУ“, се вели во соопштението на Федералната царинска служба на Русија од 9 април.
ЕУ направи исклучок за возилата што превезуваат фармацевтски производи, храна, земјоделски производи, енергија, ѓубрива и обоени метали.
ЕУ во голема мера зависи од енергијата и ѓубривата од Русија.
Белорусија, која е дел од царинската унија предводена од Русија, е исто така погодена со санкции затоа што и дозволи на Москва да ја користи нејзината територија за да изврши напад против Украина.