Повеќе од 4 милиони Украинци ја напуштиле својата земја поради војната

Илустрација

Повеќе од 4 милиони Украинци ја напуштиле својата земја откако започна неиспровоцираната инвазија на Русија на 24 февруари, соопшти денеска Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации.

Новата статистика објавена на 9 април од УНХЦР покажува дека 4.441.663 Украинци ја напуштиле земјата поради војната, што е за 59.347 повеќе од претходниот ден.

ОН соопштија дека 90 отсто од оние што побегнале се жени и деца, бидејќи властите во Киев не им дозволиле на мажите на воена возраст да ја напуштат земјата.

Полска, која досега прими околу 2,56 милиони бегалци, денеска е домаќин на донаторска конференција за да им помогне на оние што се протерани од Украина и они кои се внатрешно раселени.

Настанот го организираа невладината организација Глобал Ситизен, Европската комисија и канадската влада.

Предвидено е лично да се појави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која вчера беше во посета на Киев.