Саудиска Арабија ќе дозволи милион верници на аџилак во Мека

Илустрација

Илустрација

Саудиска Арабија ќе дозволи еден милион муслимани да учествуваат на аџилакот оваа година, соопшти денеска Ријад.

Во однос на минатата и предминатата година, обележани со епидемијата на коронавирус, властите сега дозволуваат поголем број луѓе да се упатат кон Мека.

Само десетина илјади верници кои живеат во Саудиска Арабија можеа да заминат на аџилак во летото 2020 во однос на 2,5 милиони учесници од целиот свет претходната година.

Аџилакот во Мека е еден од петте столба на исламот. Секој муслиман е должен барем еднаш во животот да оди на аџилак.