Судот бара Мухамед Зекири да биде спроведен со полиција

Генералниот секретар на владата Мухамед Зекири

Судија на претходна постапка, од Кривичниот суд – Скопје, издаде наредба до надлежната полициска станица за спровод на Мухамед Зекири, кој денеска објави дека дава неотповиклива оставка од позицијата генерален секретар на Владата.

„Откако, осомничениот ќе биде изведен пред судијата и ќе се произнесе во однос на предлогот на Јавниот обвинител ќе биде изготвено решение за кое странките и јавноста ќе бидат благовремено известени“, велат од Кривичен суд – Скопје.

Основното јавно за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор против Мухамед Зекири поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување.

Изутрината, Јавното обвинителство во соопштение посочи дека е издадена наредба за истрага против двајца хрватски државјани и еден македонски висок функционер во Владата кој е првоосомничен и дека за нив од Судот побарале да им изрече мерка притвор.

„„Во периодот од месец април 2021 година до месец јануари 2022 година, со искористување на својата службена положба првоосомничениот без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани. Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, се вели во соопштението на Обвинителството“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Затоа што постои опасност од бегство Обвинителството побарало на осомничените да им се одреди притвор.