Над 30 мртви при руски ракетен напад врз железничка станица во Украина

Над 30 луѓе се убиени а стотина ранети при руски ракетен напад на железничка станица во источна Украина. Во меѓувреме денеска во Киев пристигнаа тројца високи европски функционери за да ја изразат поддршката на ЕУ за Украина во услови на неиспровоцирана инвазија на Русија.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

По ракетниот напад врз железничката станица во источна Украина


Украинската државна железничка компанија соопшти дека две руски ракети ја погодиле станицата во Краматорск, која се користи за евакуација на цивили од областите под бомбардирање на руските сили.

Во објавеното видео и слики од железничката станица по ракетниот напад се гледаат десетици мртви цивили покрај ранците и куферите што ги носеле со себе.

Ракетниот напад се случи пред најавената средба на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, Жозеп Борел висок претставник на ЕУ за надворешни работи и словачкиот премиер Едуард Хегер со украинскиот претседател Володимир Зеленски.