Претседателката на Европскиот парламент: „Ако Украина падне, сите ќе паднеме“

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола

Војната во Украина е тест за тоа дали Европскиот парламент може да покаже храброст и лидерство и да дејствува како силен бранител на демократијата, изјави претседателката на европскиот законодавен дом, Роберта Мецола, во интервју за РСЕ. Таа ја предизвика Европската унија да направи повеќе за Украина, која со години гледа на Запад и се стреми да им се приклучи на демократските институции.

Блинкен ја потврди посветеноста на САД за испраќање оружје во Украина

„Треба да направиме избор. Или ќе ја спасиме Украина или ќе ѝ свртиме грб и ако ѝ свртиме грб на Украина, тоа значи дека ѝ го свртевме грбот на земјата што гледаше на нас како лидер на демократијата, бидејќи глобалната политичка сила се залага за слобода ширум светот“, рече таа. Мецола, малтешка политичарка која е претседател на Европскиот парламент од јануари, вели дека е јасно по нејзината неодамнешна посета на Киев, на земјата не ѝ треба само повеќе воена опрема, туку ѝ треба оружје.