Разликата во гласови меѓу фаворитите во првиот круг од претседателските избори во Франција што ќе се одржи в недела, претседателот во заминување, центристот Емануел Макрон и кандидатот на крајната десница Марин Ле Пен според најновите анкети, се стеснува. Лидерот на екстремно десничарската партија, која усвои поумерен тон за време на изборната кампања, во вториот круг ќе влезе со околу 23 насто од гласовите, додека за Макрон би гласале за околу 28 насто.
Францускиот претседател Макрон разговарал со Путин
Макрон, како што оценуваат експертите, имал извесна корист од војната во Украина што доведе до наклонетост на граѓаните кон актуелниот претседател. Лидерот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон, кој би освоил околу 16 насто во првиот круг, ја засили својата кампања со надеж дека ќе влезе во вториот круг. За изборите во првиот круг учествуваат 12 кандидати.