Главниот уредник на Новаја газета Дмитриј Муратов изјави дека бил нападнат додека се возел во воз во Русија од човек кој фрлил црвена маслена боја и ацетон врз него. Муратов, ко-добитник на Нобеловата награда за мир со филипинската новинарка Марија Реса, се наоѓал во воз од Москва за Самара кога се случил нападот околу 20 часот по московско време. Фотографијата на Муратов, објавена на Телеграм, покажува дека тој е покриен со црвена боја. Муратов рече дека напаѓачот извикал „Муратов, еве ти за нашите момчиња“. Тој за нападот раскажа за новото европско издание на неговата Новаја газета, велејќи дека очите силно му гореле.
Протераните руски новинари на весникот „Новаја газета“ лансираат нов медиум
Новаја газета, водечки независен руски весник, во минатиот месец ја прекина работата откако соопшти дека добил предупредувања од руските власти. Претходно, на 7 април, новинарите од московскиот весник, кои побегнаа од Русија поради тековната акција против независното известување, отворија нов медиум кој има за цел да ги покрива вестите и случувањата во Русија и во светот на руски и на неколку други јазици.