Од матичните лекари до Гугл

АЛБАНИЈА - Албанија ќе побара од Европската унија да ја продолжи кандидатурата за членство одвоено од нејзиниот сосед Северна Македонија, која продолжува да се соочува со бугарско вето, изјави во Тирана албанскиот премиер Еди Рама.

ЦРНА ГОРА - Црногорското Министерство за надворешни работи прогласи за персона нон грата уште четворица дипломати од руската амбасада во Подгорица.

РУСИЈА - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека нацрт-мировниот договор што Киев и го предложил на Москва содржи неприфатливи елементи, но дека Русија ќе продолжи со преговорите и ќе работи на исполнување на сопствените безбедносни барања.

БЕЛГИЈА - Членките на НАТО се согласија да ја засилат поддршката за Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција по денешниот состанок на министрите за надворешни работи на Алијансата. Тој предупреди дека светот мора биде подготвен за долгогодишен конфликт во Украина.

МАКЕДОНИЈА - Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во март изнесуваат 36.768 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија, кој секој месец ја прави пресметката на синдикалната минимална кошничка.

РУСИЈА - Рускиот премиер Михаил Мишустин вели дека Русија се соочува со најтешката ситуација во последните три децении поради западните санкции, кои беа воведни како одговор на нејзината инвазија врз Украина.

МАКЕДОНИЈА - Децата мора да одат на училиште, а Владата и синдикатот ќе го продолжат социјалниот дијалог за да се најде решение за барањето за повисоки плати, изјави денеска Премиерот Димитар Ковачевски за најавениот штрајк на вработените во училиштата и градинките.

МАКЕДОНИЈА - Стотици матични лекари на Светскиот ден на здравјето го одбележаа до полчасовен протест пред зградата на министерството за здравство. Главната причина за протестот е неисполнетото барање и ветување од владејачката партија СДСМ која на минатите избори вети дека капитацискиот бод од 63 денари ќе се покачи до 90 денари за еден пациент. Според капитациските бодови на матичните приватни лекари од Фондот за здравство добиваат приходи за нивните амбуланти и вработени.