Г7 ги осудува руските „злосторства“ во Буча

Групата седум индустриски најразвиени земји позната како Г7 денеска најстрого ги осуди, како што ги нарекува „злосторствата“ предизвикани од руските воени сили во украински области. Во нивната заедничка изјава е наведено дека токму „злосторствата“ кои се прикажани на страшните фотографии на кои се гледаат убиени цивили, жртви на тортура и „очигледни егзекуции“ го покажуваат вистинското лице на руската брутална војна против Украина.

„Масакрите во градот Буча и другите украински градови ќе бидат впишани во списокот на злосторства и тешки прекршувања на меѓународното право, вклучително меѓународното хуманитарно право и човековите права, извршени од агресорот на украинска територија“, се вели во заедничката изјава.

САД воведоа нови санкции за Русија

Оваа недела беа објавени фотоградии убиени цивили на улиците на Буча, град североисточно од Киев, кој до неодамана беше повторно заземен од руските напаѓачи. Локалните власти велат дека повеќе од 300 луѓе биле убиени од руските сили само во Буча.

Групата на седум моќни земји ја сочинуваат Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Обединетото Кралство и Соединетите држави. Во нивното соопштение се вели дека групата е подготвена дополнително да и помогне на Украина во одбраната од неиспровоцираната инвазија на Москва „вклучувајќи воена опрема и финансиски“.

„Ние подвлекуваме дека одговорните за овие грозоморни акти и злосторства, вклучително и какви било напади насочени кон цивили и уништување на цивилна инфраструктура, ќе бидат повикани на одговорност и кривично гонети“, се вели во соопштението.

Германија се подготвува за криза во снабдувањето со гас, Русија не отстапува од барањето да се плаќа во рубљи

Заедно со меѓународните партнери, Г7 најави дека ќе го зголеми притисокот врз Русија со воведување координирани дополнителни рестриктивни мерки за ефективно да ги спречи руските способности да продолжи со агресијата против Украина.