Матичните доктори со протест пред Министерство бараат повеќе пари

Матичните доктори на протест пред министерството за здравство.

Стотици матични лекари на „Светскиот ден на здравјето“ го одбележаа до полчасовен протест пред зградата на министерството за здравство. Главната причина за протестот е неисполнетото барање и ветување од владејачката партија СДСМ која на минатите избори вети дека капитацискиот бод од 63 денари ќе се покачи до 90 денари за еден пациент. Според капитациските бодови на матичните приватни лекари од Фондот за здравство добиваат приходи за нивните амбуланти и вработени. Тие денеска нема да прегледуваат пациенти.

Засега нема поголеми плати за матичните лекари, ќе се менува моделот за плаќање

Претседателката на здружението на матични лекари Лилија Чолакова Дервишова вели дека овој протест е последен крик за спас на приватните матични лекарски ординации.

„Оставивме доволно време да се формираат групите, но тие не проработеа. Бараме покачување на капитациониот бод, кој пред четири години беше зголемен на 63 денари по пациент и оттогаш не добиваме никакви средства плус, а сѐ е поскапено, гориво, струја, животни трошоци - вели Чолакова-Дервишова.

Сали - За прегледи се чека оти нема специјалисти

Таа нагласи дека бараат да се смени начинот на препишување лекови за хронично болните пациенти и да се воведат нови лекови. Воедно бараат да се најде нов начин на плаќање на лекарите во примарното здравство и на лабораториите, односно се бараат решенија за да има лекари и за опстанок на примарното здравство.

Додека Дервишова даваше изјава за медиумите и за барањата на матичните лекари, на протестот се појави и министерот за здравство Беким Сали, кој што по нејзината изјава за медиумите рече како стоматолог кој седнал на министерско столче е добро запознаен со проблемите на примарното здравство.

„Сите претставници на здруженијата знаат дека работиме на нов модел на финансирање на примарната здравствена заштита. Сметам дека денешниот ден е за одбележување на Денот на здравјето, а не за протестирање“, изјави Сали.

Тој објасни дека засега работат на три можни модела за промена на начинот на кој се исплаќаат матичните лекари.