Фон дер Лајен-Софија да помогне Скопје и Тирана да стартуваат преговори со ЕУ

Заедничка прес конференција на Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и бугарскиот премиер Кирил Петков во Софија

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен при денешната посета на Софија, побара Бугарија да помогне за реализирање на одлуката на Европскиот совет од 2020 година за почеток на преговорите со Северна Македонија и со Албанија.

Таа истакна дека правата на малцинствата се во основата на европските договори и вредности и дека заштитата на малцинските права е основна вредност и тие се во фокусот на вниманието.

Ако Петков сам пресече за Македонија - ризикува пад на Владата

Фон дер Лајен изјави дека е важно земјите членки на ЕУ да го исполнат „своето ветување во овие тешки времиња кон своите соседи“. Според неа, времињата се многу бурни и тие ќе ја одредат иднината на Европа.

Таа соопшти и дека Европската Комисија го одобрила бугарскиот план за закрепнување и одржливост. Таа на прес конференцијата со бугарскиот премиер Кирил Петков на која беше претставен документот, истакна дека бугарскиот план е исклучителен, бидејќи речиси 60 отсто од него е за поддршка на зелената транзиција. Петков изјави дека во нивниот план се превидени инвестиции наспроти реформите во различни сектори.

Ковачевски: Малку фали за заедничка победа на ЕУ, Македонија и Бугарија

„Овој план е остварлив, иновативен и реално ќе обезбеди модернизација на Бугарија, тој и овозможува на земјата да обезбеди енергетска безбедност и да ги користи најновите технологии,“, изјави Петков.

Планот вклучува 57 инвестиции и 47 реформи во 12 различни области кои треба да се спроведат до 2026 година. Бугарија ќе добие над 6,2 милијарди евра од европско финансирање.

Фон дер Лајен и се заблагодари на бугарската Влада за помошта на украинските граѓани кои бараат засолниште од војната. Повеќе од 70.000 бегалци од Украина се во Бугарија по руската инвазија врз нивната земја.