Четворица руски дипломати се принудени за даминат од Австрија, соопшти денеска портпаролот на австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг. Тој посочи дека тие треба да заминат поради постапување на начин некомпатибилен со нивниот дипломатски статус. Со овој потег Австрија се приклучи на групата земји од Европската унија кои презедоа слични акции оваа недела.
За разлика од другите земји на ЕУ, кои ги вклучуваат Франција, Италија и Германија, портпаролот на австриското министерство не посочиво изјавата дека овој потег дополнително е направен поради неиспровоцираната руска инвазија на Украина и наводните руски злосторства извршени таму.
Украина ќе разговара со НАТО и Г7 за потребите од оружје
Тројцата дипломати кои работат во руската амбасада и еден со седиште во Салцбург мора да ја напуштат земјата до 12 април.
Земјите од ЕУ им наредија на руските дипломати да заминат од европскат територија во текот на неделава поради глобалниот гнев откако се појавија вести, за како што ги нарекуваат украинските власти, масовни злосторства извршени од руските сили врз украинските цивили во Буча, северно од главниот град Киев.
Данска протера 15 руски дипломати, Москва се закани со реципроцитет
Новинарите сведочат дека виделе тела на десетици луѓе, многу од нив застрелани од непосредна близина, а некои со врзани раце зад нив, оставени на улиците на Буча откако руските војници се повлекоа минатата недела.
Грција протера 12 руски дипломати
Кремљ ги дематира таквите обвинувања со посчување дека тие се лажни, без при тоа да понуди докази за твредењето.
Во изминатава недела на 206 руски дипломати и вработени во амбасадите им беше кажано од 4 април дека повеќе не се добредојдени да останат во Италија, Франција, Германија и на други земји членки на Унијата. Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари до сега стотина Руси се протерани од европско тло поради обвинувања за шпионажа.