Украина ќе разговара со НАТО и Г7 за потребите од оружје

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека денеска планира да апелира до неговите колеги од Г7 и земјите од НАТО да го исполнат барањето на Украина за доволно оружје за да им се спротивстави на руските сили. Кулеба рече дека на денешниот состанок главна тема на неговата дискусија во Брисел ќе биде снабдувањето со целото неопходно оружје за Украина.

НАТО го зајакнува присуството од Балтичкото до Црното море

На серијата самити без преседан што се одржаа на 24 март во Брисел, лидерите на Групата седум и земјите од Европската унија нагласија дека постигнале унифициран одговор на воената агресија на Русија и ветија дека ќе испратат повеќе воена и хуманитарна помош за Украина. Претходно ним им се обрати украинскиот претседател Володимир Зеленски кој побара неограничена воена помош.