Матичните лекари на протест поради нерешавање на проблемите во здравството

Матичните лекари имаат конкретни барања и велат дека нема да прифаќаат празни ветувања.

Приватните матични лекари и медицинските сестри, денеска на денот на здравството 7 април, ќе протестираат пред Министерството за здравство затоа што ниедно барање не им е исполнето, иако пред околу еден месец им беше ветено дека работни групи ќе почнат да ги решаваат децениски наталожените проблеми во примарното здравство. Тие ќе стават клуч на вратите на ординациите и со комбиња ќе дојдат пред Министерството за здравство на пладне и нема да лекуваат цел ден. По овој мирен протест, ќе следува повеќедневен штрајк. Матичните лекари имаат конкретни барања и велат дека нема да прифаќаат празни ветувања.

Засега нема поголеми плати за матичните лекари, ќе се менува моделот за плаќање

Прво барање на матичните лекари е да им се покачи сумата за капитацискиот бод, затоа што тековните 65 денари не се доволни ниту да платат основни режиски трошоци, а камоли за опремување на ординациите со современа опрема или да се вработи доволно персонал. Особено погодени од тешката финансиска ситуација и незадоволни се матичните лекари во руралните средини, кои за да стигнат на работа месечно одвојуваат по 250 евра од својот буџет за превоз, пари кои никој не им ги надоместува.

Прекинат протестот на матичните лекари-министерството ќе бара решенија

Ова е трет протест на матичните лекари, на кој повторно ќе бидат истакнати и долгогодишните проблеми со начинот на кој Фондот за здравство ја исплаќа капитацијата за нив, со доцнење од два и три месеци, нешто кое што им е наведено и во договорот, а лекарите го сфаќаат како уцена, бидејќи доколку тој договор не го потпишат, нема ни да им биде дозволено да работат со фондот.