Унгарија не би имала потешкотии да ги плати испораките на гас од Русија во рубли, а ако Русија го побара тоа од Будимпешта, таа ќе го стори тоа, изјави премиерот Виктор Орбан на прес-конференција, одговарајќи на прашање на Ројтерс.
Орбан додаде дека го повикал Владимир Путин да воспостави итен прекин на огнот во Украина и предложил лидерите на Франција, Германија и Украина да се сретнат со рускиот лидер во Будимпешта.
„Му предложив на претседателот Путин да прогласи итен прекин на огнот“, рече тој и додаде дека разговарал со рускиот претседател.
Неговиот одговор беше позитивен, но со услови“, рече Орбан, без да ги објасни деталите.
- Путин потпиша декрет за систем на плаќање на рускиот гас во рубљи
- Кремљ: „Непријателските земји“ може да продолжат да плаќаат за гас во странска валута
Унгарскиот лидер, кој беше реизбран во неделата (3-ти април), додаде дека го поканил Путин во Будимпешта заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски на разговори.
На крајот на март, рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија во иднина ќе бара плаќање на сметките за гас во рубљи, што земјите од ЕУ го одбија, повикувајќи се на договорите во кои е наведена валутата на плаќање.