Европската унија и Соединетите Држави размислуваат да ги санкционираат двете ќерки на рускиот претседател Владимир Путин како дел од новиот пакет казни поради руската инвазија во Украина.
Одлуката не е финализирана, а според некои европски и американски високи претставници, двете жени би можеле да бидат изземени од новиот список. Се очекува одлуката да биде објавена на 7 ми април.
Самиот Путин беше погоден од санкциите од Западот за прв пат на 25 февруари, ден откако руските сили ја нападнаа Украина, што пак се претвори во најголемата воена операција во Европа од Втората светска војна. Погодени од санкциите се и други високи функционери, вклучително и политички бизнисмени познати во Русија како олигарси.
Настрана од оштетувањето на руската економија, санкциите имаа мал ефект врз акциите на Русија кон Украина, што пак предизвика засилени повици од пратеници, активисти и други да повикаат на построги санкции кон луѓето блиски до Путин.
- Мишел:„Порано или подоцна“ ЕУ ќе мора да воведе енергетски санкции против Русија
- САД и сојузниците за денеска најавија нови санкции врз Русија
Двете ќерки кои Путин ги има со неговата, сега веќе поранешна сопруга Људмила-Екатерина Тихонова и Марија Воронцова, со години беа држени надвор од очите на јавноста.
Воронцова е косопственик на здравствена инвестициска компанија која има за цел да изгради нов, најсовремен медицински центар во близина на Санкт Петербург.
Тихонова пак, го привлече вниманието кон крајот на 2010-тите кога почна да настапува како акробатска танчерка и натпреварувачка и рокенрол танчерка. Таа подоцна стана директорка на Инопрактика, проект поддржан од владата вреден 1,7 милијарди долари за изградба на научно-истражувачки центар на Московскиот државен универзитет.