Нови 195 случаи на ковид-19 и три починати лица

Во изминатото деноноќие во земјава се евидентирани 195 нови случаи на заболени со ковид-19 од направени 2.249 тестови. Според податоците на министерството за здравство од вкупниот број на позитивни (195), регистрирани се 29 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица од Скопје (71г и 85г), двете лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид (83г), починато во болнички услови.

Препорака за укинување на задолжително носење на маски

Од вкупниот број на починати лица (3) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 307.142, бројот на оздравени пациенти е 296.373, на починати е 9.234, а бројот на активни случаи изнесува 1.535