Грција протера 12 руски дипломати, соопшти денеска министерството за надворешни работи. Генералниот секретар на министерството го известил рускиот амбасадор во Атина дека 12 дипломати се прогласени за „персона нoн грата“, бидејќи не се однесувале во согласност со меѓународните правила.
Со тоа Грција се придружи на голем број европски земји кои протераа руски дипломати, по инвазијата на Москва во Украина.
Европските земји протераа десетици руски дипломати по извештаите за Буча
Данска, Шведска, Италија и Шпанија вчера соопштија дека ја известиле Москва дека дипломатите во нивните амбасади сега се прогласени за персона нон грата.
Летонија и Естонија отидоа чекор подалеку, откако наредија затворање на двата руски конзулати во нивните земји.