Пожар на фотоволтаичен трансформатор во Осломеј пред посетата на Ковачевски

Илустрација, архивска фотографија

Претпладнево избил пожар на трансформаторот во фотонапонската електрана „Осломеј“ непосредно пред да пристигнат владините функционери, јавува ТВ21. Станува збор за трансформатор за дистрибуција на електрична енергија во дел од централата. Причините за пожарот, засега, се непознати.

Според најавите од владината прес служба денеска премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски требаше да го одбележат завршувањето на градба на фотонапонската електрана „Осломеј 1-10MW“ со тест период на целосно монтирана опрема.