Папата Франциск денеска изјави дека случувањата во Украина наместо да носат надеж за мир, покажуваат сведочења за нови злосторства по убиството на цивили во градот Буча во близина на главниот град. Тој во општата аудиенција во Ватикан држејќи украинско знаме посочи дека неодамнешните вести за војната во Украина како што е „масакрот во Буча покажува сè пострашната суровост“
„Сè пострашни суровости, извршени и врз беспомошни цивили, жени и деца. Тоа се жртви чија невина крв извикува до небото и моли за милост“, рече тој.
Папата Френциск по оваа изјава застана и го крена знаме за кое рече „доаѓа од војната. Од тој маченички град Буча“.
Иако Папата не ја спомна Русија во својот говор, тој рече дека настаните во Украина ја покажуваат „немоќта на Обединетите нации“.
Откривањето на фотографиите од десетици тела во масовни гробници и мртвите цивили оставени по улиците и дворовите во Буча за време на викендот предизвика глобален гнев.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Украинската армија ја презеде контролата врз клучниот град за патници надвор од Киев пред само неколку дена и соопшти дека пронашла десетици тела по повлекувањето на руските сили.
Продолжуваат борбите и руските воздушни напади во Мариупол
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги нарече убиствата „воени злосторства“ и „геноцид“, а западните земји ги засилија санкциите против Русија како реакција на смртните случаи.
Но, Кремљ ги отфрли обвинувањата и тврди дека сликите што се појавија од Буча и другите градови се лажни произведени од украинските сили или дека смртта настанала откако руските војници се повлекле.