Врховниот суд на Пакистан ќе одлучува по сосслушувањето на лидерите на политичките партии дали премиерот ц го прекршил Уставот со одлуката за распуштање на парламентот.
Комитетот од пет судии во изминативе денови ги сослушуваше аргументите на адвокатите на премиерот Кан и на лидерите на опозицијата. Премиерот Кан минатата недела го загуби своето парламентарно мнозинство и требаше да се соочи со гласање за недоверба од обединетата опозиција.
Но, заменик-претседателот на Националното собрание, Касим Сури, член на партијата на Кан, Техрик-е Инсаф, го отфрли предлогот како неуставен и дел од странски заговор. Со таа одлука му се отстапи место на премиерот Кан да ја добие претседателската функција - главно церемонијална улога – за да го распушти парламентот и да нареди спроведување на избори, кои мора да се одржат во рок од 90 дена.
Најмалку 45 загинати во самоубиствен бомбашки напад во џамија во Пакистан
Опозицијата поднесе барање до Врховниот суд да се произнесе дали потегот за блокирање на гласањето е уставен.
Ваквата политичка ситуација доведе зголемени тензии и политички превирања во земјата со која војската претходно владееше подолг период.
Премиерот Кан во јавноста тврдеше дека опозициското барање за гласање недоверба е напад против него од страна на Соединетите држави како одмазда за неговите блиски односи со Русија и Кина. Но, Вашингтон го отфрли тоа обвинение.
Пакистанскиот премиер доби доверба од парламентот
Опозицијата го обвинува Кан за лошо управување со економијата и надворешната политика, а политичките аналитичари тврдат дека Кан започнал конфликт со моќната пакистанска војска, чија поддршка е клучна за која било партија да дојде на власт.
Кан негира дека некогаш имал поддршка од војската, а војската исто така тврди дека нема вмешаност во политичкиот процес.