Британскиот премиер Борис Џонсон испрати видео порака до Русите во која вели дека граѓаните на земјата заслужуваат „да ја знаат вистината“ за злосторствата извршени во Украина од почетокот на руската инвазија.
„Рускиот народ ја заслужува вистината, вие ги заслужувате фактите“, вели Џонсон на руски на почетокот на краткото видео објавено на социјалните мрежи.
Блинкен: Руската кампања во Буча не е случајна
Британскиот премиер, кој потоа продолжува на англиски јазик, наведува дека извештаите од Украина за злосторствата што ѝ се припишуваат на руската армија во Буча, Ирпин и на други места во Украина го „преплаши светот“. Овие снимки и фотографии се „толку шокантни и застрашувачки што не е ни чудо што вашата влада се обидува да ги скрие од вас. Вашиот претседател знае дека кога би можеле да видите што се случува, не би ја поддржале оваа војна“, вели Џонсон.
ОН загрижени за можните воени злосторства во Украина
Од почетокот на руската инвазија, сајтовите на многу руски и странски медиуми се блокирани во Русија. Руската армија негираше каква било одговорност за злосторствата извршени во Украина, а руските власти сметаат дека сето тоа било исценирано со цел да се загрозат тековните руско-украински преговори.