Земјите членки на Европската унија се согласија целосно да го прекинат увозот на фосилни горива од Русија почнувајќи од јагленот, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, но без да наведе конкретни датуми кога тоа би се случило.
„Одговорот на воените злосторства сега со петтиот пакет санкции на европско ниво мора да биде дека ние, како Европска унија, мора целосно да ја укинеме зависноста од фосилната енергија од Русија, почнувајќи од јаглен, потоа нафта, па гас“, рече таа, пренесува Ројтерс.
Запрашана за барањето на Украина за тенкови, таа одговори дека членките на ЕУ се отворени за извоз на дополнителни системи за оружје во Украина, вклучително и системи што претходно не ги испратиле.
Украина вели дека и требаат тенкови ако сака да ја тргне Русија од нејзината територија, а не само да ги брани постојните линии на фронтот.
Во саботата беа објавени фотографии од мртви тела на улиците на Буча, град северозападно од Киев, по повлекувањето на руските војници.
Украина соопшти дека пронашла 50 егзекутирани лица.