Русија не се откажува од својата офанзива во Украина, а во следните недели повторно ќе се обиде да се фокусира на целосно окупирање на регионот Донбас, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Сега гледаме значителна промена на руските трупи од Киев за да се прегрупираат, повторно да се вооружат, да се снабдат и да се префрли фокусот на исток“, рече Столтенберг на прес-конференција
Русија ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари, а во последните денови се повлече од регионот на Киев и Чернихив.
Според Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), повеќе од четири милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на инвазијата.