Министерот за правда Никола Тупанчевски призна дека не ја платил карата за чартер-летот до Палермо каде македонската фудбалска репрезентација играше против Италија. Тој не платил ниту за влез во стадионот каде се одржуваше натпреварот, туку тоа одело на сметка на Фудбласката федерација на Македонија (ФФМ).
За сместувањето во хотелот платил четири дена по одржување на натпреварот. Министерот во изјава за А1 он сепак вели дека не го прекршил Етичкиот кодекс, во кој има наведено до колку пари и под какви услови може да се примаат подароци.
Министерот заедно со новинари, лекари, обвинители, судии и други бил дел од делегацијата која во Палермо патувала на товар на ФФМ. Откако беше објавена снимка од министерот, заедно со обвинителката Фатиме Фетаи и судијата Лазар Нанев, како навиваат на натпреварот, во јавноста се покрена прашање на чиј трошок тие патувале во Италија. Обвинителката прва ги покажа сметките од платеното сместување, но министерот и судијата првин молчеа.
Македонија го победи европскиот шампион, на чекор до СП 2022
Тој во изјавата вели дека селекцијата на тоа кој ќе биде дел од делегацијата ја прави организаторот. Аранжманот вклучува чартер лет и влезница, на која, како што вели, стои дека е 00 евра. И како што вели, и да сака да ја плати не може, оти картата е без цена.
„Дури морам да ви кажам дека делот што е платен е платен на мое инсистирање, бидејќи мислев дека така треба да биде“, вели министерот.
Тупанчевски тврди дека не го прекршил Етичкиот кодекс на однесување на членови на Владата, оти не се потрошени буџетски пари, нема обезбедување, не се употребено службено возило и не е употребена патна исправа за добивање некакви привилегии. Министерот вели дека е подготвен да се соочи со последиците ако го прекршил кодексот.
Вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска побара Тупанчевски да достави документи за да се истражи дали го прекршил владиниот етички кодекс.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Македонската фудбалска репрезентација на 24 март ја совлада репрезентацијата на Италија.