Фон дер Лајен и Борел ќе го посетат Киев

претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен и шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, архивска фотографија

Двајца од највисоките дипломати на Европската унија ќе отпатуваат во Киев „оваа недела“ додека блокот сака да ја покаже својата поддршка за Украина во услови на неизбежна инвазија на Русија.

Портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер, на социјалната мрежа Твитер напиша дека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен и шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, ќе отпатуваат во текот на неделава пред одржувањето на настанот „Стани за Украина“ во полскиот главен град Варшава, на 9 април.

Зеленски –Нема друг избор освен мировни преговори со Русија

Патувањето ќе биде втора посета на високо ниво на претставници на ЕУ на Киев, откако претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола ја посети Украина минатата недела.

Во меѓуврем Германија, Франција, Данска и Италија реагираа со протерување на десетици руски дипломати, посочувајќи дека тоа се шпиони.

Европската унија вчера започна дискусии за нови санкции против Русија по извештаите во кои се наведуваат злосторства, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел. Се очекува дискусијата и новите санкции да бидат донесени во текот на утрешниот ден.