УПОЗ на предупредувачки штрајк, два дена нема нема да работат по два часа

Вработените во управата и правосудството во четврток и петок ќе ја прекинат работата два часа, од 10 до 12 часот, барајќи исплата на минимална плата и линерано зголемување на платите на сите вработени за 2.806 денари. Синдикатот на УПОЗ најави дека ваков протест ќе има во сите инститиции каде што има членови на оваа синдикална организација, а тоа се министерства, агенции, фондови, управи и судови.

„Ќе има прекин на работата. Известени се и Владата и министерства, сите работодавачи. Ги замолувам граѓаните на трпение, не е многу, два часа се, меѓутоа тие два часа можат да пораснат и да бидат осум часа прекин“, изјави денеска претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски на прес-конференција.

УПОЗ-Ако нема усогласување со минималната плата одиме на протест

Тој посочи дека во 95 проценти од институциите се исплаќа плата под минималната, а во останатите пет проценти, дел не ја подготвуваат платата, а оние што веќе ја исплатиле, направиле грешки и исплатиле само минимална плата без стаж.

„Се надеваме дека Владата и надлежните ќе имаат барем малку сенс и ќе направат напори овој период да разговараме и да најдеме начини за решавање на нашите барања, но изгледа дека Владата не е заинтересирана за преговори со нас, иако тоа го вети“, вели Деаноски.

Тој додава дека она за кое што предупредиле навистина се случило, односно дека во речиси сите институции во управата и правосудството на вработените не им се исплаќа минимална плата.

Наставниците и воспитувачите на штрајк, бабите и дедовците на готовс

Како за пример дека институциите не го почитуваат Законот за минимална плата, од УПОЗ го посочуваат примерот со објавениот оглас од Министерството за финансии за референт писар за кое работно место е предвидена плата од 14.909 денари што е пониска не само од важечкиот износ на минимална плата од 18.000 денари, туку и од претходниот износ на минималецот од 15.142 денари.

Во меѓувреме преговорите меѓу Сонк и Владата продолжуваат откако вчера преговарачката рунда заврши без договор. Доколку не најдат заедничко решение деновиве, во понеделник СОНК почнува генерален штрајк во образованието.