Северна Кореја ќе одговори со нуклеарно оружје на можен напад од Јужна Кореја

Моќната сестра на лидерот Ким Џонг Ун, Ким Јо Јонг, архивска фотографија

Пјонгјанг се противи на војна, но би употребил нуклеарно оружје за да ја „елиминира“ војската на Јужна Кореја доколку ја нападне Северна Кореја, изјави денеска моќната сестра на лидерот Ким Џонг Ун, Ким Јо Јонг.

Ова предупредување од сестрата на севернокорејскиот лидер Јо Јонг,кое беше денеска пренесено во државните медиуми, е втор ваков лут одговор во изминативе три дена по коментарите на министерот за одбраната на Јужна Кореја Сух Вук искажани минатата недела.

Северна Кореjа изведе шести тест на балистичка ракета за еден месец

Сух на 1 април изјави дека војската на неговата земја има различни ракети со значително подобрен дострел, прецизност и моќ, со „способност прецизно и брзо да погоди која било цел во Северна Кореја“.

Јо Јонг која е клучен советник за политика во Пјонгјанг, изјави дека е „многу голема грешка“ на , како што го нарекува, „лудакот“ Сух што зборувал за можен превентивен напад против нуклеарна сила.

САД ги повикаа Кина и Русија да испратат силна порака до Северна Кореја

Таа додаде дека „примарната мисија“ на нуклеарните сили во нејзината земја е да дејствуваат како одвраќање. Но, доколку дојде до вооружен конфликт, таквото оружје ќе се користи за „елиминација на вооружените сили на непријателот при удар“.

САД бараат нови санкции против Северна Кореја

Двете Кореи ги зголемија тензиите околу воената сила откако Северна Кореја продолжи со пробното истрелување на помоќни ракети со поголем оптег годинава.

Официјални лица во Сеул и Вашингтон, исто така, стравуваат дека Пјонгјанг можеби се подготвува да продолжи со тестирање на нуклеарно оружје за прв пат од 2017 година во услови на застој во преговорите.