Данска соопшти дека протерува 15 руски дипломати по извештаите за наводните злосторства извршени на руските војници во украинскиот град Буча.
Данскиот министер за надворешни работи, Јепе Кофод, објавувајќи ја оваа информација посочи дека за овој потег е известен и рускиот амбасадор во Копенхаген. Тој истакна дека данската влада силно ги осудува акциите на руските војници во Буча.
„Со оваа одлука испраќаме јасен сигнал до Москва дека нема да прифатиме руски разузнавачи да шпионираат на данска почва“, се вели во соопштението на Кофод.
Тој додава дека тие претставуваат ризик за данската национална безбедност што не може да се игнорира.
„Затоа, заедно со голем број наши најблиски сојузници, се спротивставивме на шпионажата што идентификуваните лица ја вршат под маската на нивниот дипломатски статус“, додаде тој.
Во соопштението се вели дека дипломатите имаат рок од 14 дена да ја напуштат земјата.
Русија протера десет дипломати од Естонија, Летонија и Литванија
Портпаролката на руското МНР Марија Захарова во реакција на изјавата на данскиот министер за државната новинска агенција ТАСС изјави дека „ќе бидат преземени соодветни мерки против вработените во амбасадата на Данска во Москва.