Неколку луѓе загинаа при железничка несреќа во која пик-ап удри во воз во јужна Унгарија рано утринава. Возилото при ударот исфрли дел од вагони од шините, соопшти полицијата. Голем број други лица се повредени во несреќата на преминот во Миндзент во близина на унгарско-српската граница непосредно пред 05:00 часот утринава соопшти полицијата.
„Спасувачките акции сè уште се во тек, така што не можеме да го утврдиме бројот на жртви. Во несреќата неколкумина се повредени, а неколку починале на местото на настанот“, се вели во соопштението на полицијата, без да се наведат дополнителни детали.
Бројот на жртви од судирот на возови во Пакистан надмина 60
Државната железничка компанија соопшти дека воз удрил со камион, излетувајќи од шините вагон со 22 патници, од кои двајца се тешко повредени, а уште осум полесно.
Најмалку тројца загинати и повеќе повредени во железничка несреќа во САД
Локалните медиуми јавуваат и за најмалку седум загинати, но тие податоци не се независно потврдени.