Романија кодомаќин на меѓународна конференција за поддршка на Молдавија

Претседателката на Молдавија Маја Санду на прес-конференција, Кишињев, 4 април 2022 година

Романија ќе биде кодомаќин, заедно со Германија и Франција, на денешната конференција за поддршка на Молдавија, објави министерот за надворешни работи Богдан Ауреску. Конференцијата има за цел „да создаде „Платформа за поддршка на Молдавија“ и да стимулира поголема поддршка за оваа земја. Говорејќи пред состанокот Ауреску повторно ја истакна поддршката на Романија за пристапувањето на Молдавија во Европската унија, како и за пристапот на Украина и Грузија.

Сè помалку украински бегалци одат во Полска, дел се враќаат во Украина

„Сите три земји го заслужуваат членството во европското семејство. Раководството во Кишињеу е многу посветено на реформските процеси, на демократските реформски процеси и на европскиот пат“, рече тој, додавајќи: „Исто така, создадовме зелени линии со цел да ги однесеме украинските бегалци од границата на Молдавија со Украина директно на романска територија, со цел да ги олесниме напорите на властите на Молдавија, кои се многу погодени од бројот на бегалци“, објасни тој. Според него, треба да се направат повеќе напори од страна на ЕУ за да се обезбеди финансиска помош и да се примат одреден број бегалци од Молдавија во земјите членки на Европската унија.