Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан вели дека руските сили се репозиционираат во регионите на исток и југ на Украина, откако доживеале посилна од очекуваната одбрана од страна на Украинците во близина на Киев. „Во овој момент, ние веруваме дека Русија ги ревидира своите воени цели“ за да се фокусира врз „источниот и на делови од јужна Украина наместо да цели на поголем дел од територијата“, рече Саливан на брифингот на 4 април. Целта, спореднего, најверојатно е да ги „опколи и совлада“ украинските сили во регионот. „Русија тогаш би можела да го искористи секој тактички успех што ќе го постигне за да пропагира наратив за напредок и да го маскира претходниот воен неуспех“.
Руските војници продаваат во Белорусија предмети ограбени во Украина
Саливан предупреди дека Русија ги удвојува своите напори откако повлече многу војници од околината на Киев и дека ќе се бори да заземе значително поголема територија отколку што сепаратистите поддржани од Русија држеле во Донбас, пред започнувањето на руската инвазија. САД, исто така, очекуваат руските воени сили да направат се што можат за да го задржат градот Керсон на југ и Харкив на исток, изјави Саливан, додавајќи: „Русите сега сфатија дека Западот нема да се скрши“ во поддршката на украинската влада, рече Саливан.
САД: Продолжуваме да обезбедуваме економска и воена поддршка за Украина
Саливан рече дека Вашингтон ќе најави дополнителна воена помош за Украина во наредните денови, додавајќи дека следната фаза од војната во Украина може да трае „месеци или подолго“. Како одговор на убиствата на цивили во градот Буча, тој рече дека САД се координираат со своите сојузници во Европа и планираат да објават нови санкции против Русија оваа недела.