Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека на рускиот претседател Владимир Путин треба да му се суди за воени злосторства. Тој посочи и дека планира повеќе санкции против Русија.
„Овој човек е брутален...она што се случува во Буча е срамота“, рече Бајден, мислејќи на украинскиот град каде што руските сили наводно убиле десетици цивили. Путин „е воен злосторник“, додаде тој.
Говорејќи пред Белата куќа, Бајден рече дека треба да се соберат повеќе докази со цел да искористат во судењето за воени злосторства. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посети Буча, град во близина на Киев, каде што украинските власти соопштија дека се пронајдени тела на цивили. Зеленски ги нарече руските акции „геноцид“ и го повика Западот да примени построги санкции против Русија.
Фотографиите и видеата на кои се прикажани десетици тела на мртви цивили, некои со врзани раце, шокираа многумина и поттикнаа повици за засилени санкции против Русија и кривично гонење на сторителите.
Кремљ негираше дека руските трупи кои ја окупираа областа пред да се повлечат кон крајот на минатата недела се одговорни за убиствата.