Бомби и „бомби“

МАКЕДОНИЈА - Тајно снимените разговори меѓу поранешниот премиер и бегалец Никола Груевски и бизнисменот и обвинет во предметот Плацеви на Водно, Орце Камчев, кои викендов беа објавени на Јутјуб, денеска не беа прифатени како докази на судското рочиште за овој предмет.

МАКЕДОНИЈА - Синдикатот на Македонска пошта и Синдикалната организација на А.Д. Пошта на Северна Македонија денеска најавија дека на 14 април ќе стапат во генерален штрајк, доколку не бидат исполнети барањата за итно и неодложно линеарно покачување на нето платите на вработените во износ од 3000 денари.

УКРАИНА - Високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Башелет рече дека фотографиите од украинскиот град Буча и други области покренуваат сериозни и вознемирувачки прашања за можни воени злосторства, сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право и сериозни прекршувања на човековите права.

RUSIJA / SRBIJA - Рускиот претседател Владимир Путин денеска му ја честиташе победата на претседателските избори во Србија на Александар Вучиќ. Тој во честитката наведе дека се надева на стратегиско партнерство со Србија, јавува новинската агенција Франс Прес. Во Србија вчера се одржаа претседателски и делумни локални избори на кои победи актиуелниот претседател Вучиќ.

БЕЛГИЈА / МАКЕДОНИЈА - Македонија денеска го одбележа Денот на НАТО како 30-та полноправна земја членка на Алијансата. Македонскиот премиер Димитар Ковачевски на свечената церемонија изјави дека земјава е фактор за стабилност и безбедност во регионот во која граѓаните имаат сигурна иднина.

ИРАН / САД - Иран ги обвини САД дека се виновни за неодамнешното одложување на разговорите за финализирање на нуклеарниот договор со светските сили, кој е речиси на дофат. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хатибзадех, денеска изјави дека Техеран нема да чека вечно откако во последен момент добија закана дека ќе бидат попречат месечните напори за заживување на договорот од 2015 година, кој ги ограничи чувствителните нуклеарни активности на Иран во замена за укинување на меѓународните санкции..

УНГАРИЈА - Лидерот на унгарската обединета опозиција Петер Марки-Зај го призна поразот на парламентарните избори во неговата земја, гласање на кое долгогодишниот националистички премиер Виктор Орбан забележа убедлива победа.

ЕУ / УКРАИНА - Европската унија започна дискусии за нови санкции против Русија по извештаите, изјави денеска шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел. Ние стоиме во целосна солидарност со Украина и со украинскиот народ во овие мрачни часови за целиот свет, рече Борел, нарекувајќи го изготвувањето на новиот пакет санкции прашање на итнос.