Путин му честиташе победа на Вучиќ

Архивска фотографија од рускиот претседател Владимир Путин и неговиот српски колега Александар Вучиќ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му ја честиташе победата на претседателските избори на Александар Вучиќ. Тој во честитката наведе дека се надева на „стратегиско партнерство со Србија“, јавува новинската агенција Франс Прес.

„Очекувам дека вашата работа како шеф на државата ќе продолжи да придонесува за зајакнување на стратешкото партнерство што постои меѓу нашите земји“, наведе Путин во телеграмата до Вучиќ, се вели во соопштението на Кремљ. Тоа секако е во интерес на братските народи на Русија и Србија, се вели во телеграмата.

Националната српска изборна комисија денеска соопшти дека со изброени 87,7 отсто од гласачките ливчиња, Вучиќ добил 59,5 отсто од гласовите што е доволно за да избегне вториот круг со неговиот најблизок конкурент, опозицискиот кандидат Здравко Понос, кој заостанува на второто место со 17,5 отсто.

Српската изборна комисија ја потври победата на Вучиќ и СНС

На истовремените парламентарни избори СНС водеше со 43,4 отсто, додека нејзиниот долгогодишен коалициски партнер Социјалистичката партија на Србија е на трето место до 11,7 отсто.

Вучиќ во синоќешното телевизиско обраќање веќе прогласи победа. Вучиќ е претседател од 2017 година, а претходно беше премиер. Неговата партија е на власт од 2012 година.

И Вучиќ и Орбан прогласија убедлива победа на изборите

Тој изјави дека ќе остане на курсот на балансирање на аспирациите за членство на земјата во Европската унија со блиските и развојни врски на Белград со Москва и Пекинг.

„Ќе ја одржиме политиката што е важна за Европејците, Русите и Американците, а тоа е воената неутралност“, изјави синоќа Вучиќ.

Србија ги добива речиси сите испораки на гас од Русија, додека нејзината армија има блиски врски со руската војска. Дополнително на цврстите односи меѓу Москва и Белград, влијае и тоа што Кремљ го поддржува и противењето на Србија за независноста на Косово со блокирање на нејзиното членство во Обединетите нации.