Иран ги обвини САД дека се виновни за неодамнешното одложување на разговорите за финализирање на нуклеарниот договор со светските сили, кој е „речиси на дофат“. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хатибзадех, денеска изјави дека Техеран „нема да чека вечно“ откако во последен момент добија закана дека ќе бидат попречат месечните напори за заживување на договорот од 2015 година, кој ги ограничи чувствителните нуклеарни активности на Иран во замена за укинување на меѓународните санкции.
„САД се одговорни за прекинот на овие разговори... договорот е речиси на дофат“, рече Хатибзадех на неделната прес-конференција.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, на брифинг на 22 март изјави дека одговорноста е на Техеран „да донесе одлуки кои би можел да ги смета за тешки“.
Според досега објавеното, најголем проблем во преговорите е барањето на Иран, САД да ја тргнат од црната листа на терористички организации Исламската револуционерна гарда – дел од иранските вооружени сили.
Техеран соопшти дека отстранувањето на гардата од црната листа е нивната „црвена линија“. Вашингтон досега директно не го коментираше ова прашање, иако рече дека одделните санкции на САД против Иранската револуционерна гарда ќе останат во сила според секој договор.
Во Соединетите Држави, ова прашање е контроверзно затоа што американските власти ја обвинија Гардата за создавање нестабилност и поддршка на милитантните групи во регионот.
Според нив оваа организација е одговорна и за контроверзната ракетна програма на Иран. Во меѓувреме, за Техеран, терористичката ознака на ИРГЦ, кој е главен центар на моќ во исламската република, е неприфатлива.
Иран го потпиша историскиот договор со САД, Велика Британија, Франција, Германија, Русија и Кина во 2015 година. Со него беше дозволено олеснување на санкциите во замена за ограничување на иранската нуклеарна програма.
Но, тогашниот претседател Доналд Трамп во мај 2018 година ги повлече Соединетите држави од договорот, велејќи дека условите не се доволно строги за да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје и исто така да го казни Техеран за наводна поддршка на екстремистичката активност во регионот.
Иран негираше дека бара нуклеарно оружје, велејќи дека програмата е за цивилни цели и ги отфрли обвинувањата за поддршка на екстремистите.
Сепак, по повлекувањето на Вашингтон, Иран ги прекрши границите поставени во договорот и инсистираше Соединетите држави да ги укинат своите санкции пред да се вратат на договорот.