Соединетите држави остануваат целосно посветени на обезбедување целосен опсег на економска и воена поддршка за Украина во нејзината војна против Русија, која ја опишува како „далеку од завршена“, изјави шефот на кабинетот на Белата куќа Рон Клајн. Тој за американската ТВ ABC рече дека има знаци оти рускиот претседател Владимир Путин ги прераспоредува руските војници во источниот дел на Украина.
САД ќе ѝ додели 300 милиони долари безбедносна помош на Украина
Клајн рече дека останува на украинскиот претседател Володимир Зеленски да одлучи дали ќе дозволи Русија да го окупира источниот дел на Украина, но САД веруваат дека нападот на Москва треба да биде потиснат до крај. „Претседателот Зеленски рече дека руската окупација на источна Украина не е прифатлива за него, ние ќе го поддржиме со воена, економска и хуманитарна помош“, рече тој.