Украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше видео-обраќање на доделувањето на наградите Греми на музичката индустрија во Лас Вегас и апелираше до гледачите да ја поддржат неговата земја „на кој било начин“. „Што е повеќе спротивно од музиката? Тишината на разурнатите градови и убиените луѓе“, рече Зеленски во видеото во кое беше претставена изведбата на Џон Леџенд на песната „Free“ со украински музичари и читање на украинската поетеса Љуба Јакимчук. „Пополнете ја тишината со вашата музика. Пополнете ја денес, за да ја раскажете нашата приказна. Поддржете нè на кој било начин. Секаква, но не тишина“, рече Зеленски.
Столтенберг не верува дека руските сили се повлекуваат
Војната избувна во Украина пред повеќе од еден месец по инвазијата на руските воени сили, при што се раселени милиони цивили, а градовите се претворени во урнатини. Русија ги нарекува своите акции во Украина „специјална операција“. „Нашите музичари носат панцир наместо смокинг, им пеат на ранетите, во болниците, дури и на оние што не ги слушаат, но музиката ќе се пробие“, рече тој.